|
ЕКСТРЕМНИ СПОРТОВИ:
Танцување со мотоцикл |
|
|
|
| Среда, 29 Септември 2010 23:31 |
|
Предводник е никој друг туку повеќе кратниот светски првак во „стунт-рајд“ Кристијан Фајфер, а со него ќе настапува и Словенецот Рок Барош. Големото шоу во организација на Ред Бул е закажано за во центарот на градот, на плоштадот Македонија во 13.00 часот. За оваа пригода ќе биде направена импровизирана арена долга 80, а широка 20 метри. Во неа, Фајфер со својот мотор БМВ Ф800Р од 90 коњски сили, ќе покаже зошто е најдобар на светот. Германецот е некогашен студент по биологија и спорт, но денес може да биде професор по физика, бидејќи тоа што тој го прави може да се толкува само како поигрување со законите на физиката. Името на Фајфер е забележано и на листата на светски рекордери во таканаречената категорија „бани-хоп“, односно скок во далечина со мотор, бидејќи тој прв успеал да прелета 33 луѓе во лежечка положба. За да биде забавата за публиката и интерактивна, после возењето Фајфер на посетителите и ќе им одржи и неколку бесплатни лекции за тоа како ги изведува своите трикови со мотор. Влезот ќе биде бесплатен. Ф1 Алманах ви нуди ексклузивна можност први да погледнете во што се состои „репертоарот“ на Кристијан Фајфер: |









В сабота на плоштадот Македонија во центарот на Скопје ќе се одржи вистински спектакл, уникатен по својата концепција, бидејќи за прв пат ќе имаме можност да видиме возачи што своите каскадерски маневри ги подигнале на врвно ниво и се етаблирани имиња во светот на екстремните спортови.