ЕГЗИБИЦИИ:
Скопје на крилата на Ред Бул со Крис Фајфер
PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од 5)
Недела, 03 Октомври 2010 12:04
Bookmark and Share

pfeiffer_na_predno_600_skopje_2010Скопје стана една од станиците на патувачкиот караван на егзибиционистичкиот возач Кристијан Фајфер кој со свое шоу се претставил на публика на пет континенти!

На плоштадот Македонија во организација на Ред Бул четирикратниот светски шампион во „стант бајкинг“ изведе незаборавно шоу потпомогнат од Словенецот Рок Барагош. Возење на едно тркало, и само на задно, и само на предно, возење седејќи на рачките од воланот, скокови од кои застанува здивот – сето тоа беше дел од програмата. Кулминација беше точката „Бакни ја девојката“ во која Германецот Фајфер и се приближи на една хостеса од Ред Бул со голема брзина, за потоа со нагло сопирање да го подигне мотоциклот на предното тркало и да застане пред неа на минимално растојание по што ја „бакна“ со кацигата во знак на благодарност за храброста да му асистира во изведувањето на точката. Импровизираната арена беше долга 80, а широка 20 метри, а нешто повеќе од илјада посетитили имаа можност да видат незаборавни маневри.

Бројната публика во центарот на Скопје, во која најбројни сепак беа моторџии и љубители на мотори, без здив и со овации го дочека Крис, а по шоуто уште цел час не му дозволуваше да си замине се додека не им подели автограми и постери.

-Презадоволен сум од настапот пред македонската публика. Многу сакам да возам во земјите од источна Европа бидејќи возбудата кај публиката е најголема. Македонската публика навистина знае што е екстремно возење и уживавме заедно, изјави Крис по завршувањето на шоуто, но во интервјуто за Ф1 Алманах откри дека досега со своите точки „бакнал“ преку 100 девојки.

Фајфер е во својата зрелост со 40-годишна возраст, а на мотор има стаж од 35 години. Професионално се занимава со „стант-рајд“ веќе 14 години и има освоено 15 различни титули на европски и светски натпреварувања. Негов најпознат рекорд е оној кога прескокнал дури 33 легнати луѓе без никаква рампа или кое било друго помагало. Познавачите на екстремните спортови велат дека неговите трикови и целокупното негово возење може да се објасни само со заноните на физиката и додаваат дека тој слободно може да биде професор по физика, иако студирал спорт и биологија.

pfeiffer_na_zadno_600_skopje_2010

 
Campaign

Избор на уредникот