|
ДАКАР:
Тројна победа на Фолксваген |
|
|
|
| Недела, 16 Јануари 2011 23:47 |
|
За да биде успехот на возачот од Катар уште поголем, тоа се победничките екипажи од минатите две години, предводени од Жиниел де Виљерс и Карлос Саинц. Нивен партнер во овој успех беше тркачкиот Туарег 3, кој беше непобедив низ пустинските предели во Аргентина и Чиле, се уште како единствен конструктор што го освоил најпрестижното рели со дизел мотор. Доминацијата на германските конструктори може да се види и низ фактот дека победија на 12 од 13 етапи! Карлос Саинц водеше до неколку етапи пред крајот, но иако ја испушти победата и одбраната на титулата, со освојување на неколку етапни победи стигна до бројката од 24 вакви триумфи, што е за една повеќе од досегашниот рекорд на Стефан Петерхансел. - Третата победа едно по друго за Фолксваген е историска, а беше остварена со перфектна тимска работа, исклучително возење, како и навигациски вештини, но пред се благодарение на супериорната технологија. Неверојатно сум горд на целиот тим, како на вработените кои ја направија оваа победа возможна, така и на оние овде кои вложија натчовечки напори. Без сомнеж ова беше најтешкиот Дакар на кој што сме учествувале, но воедно и најдобро организираниот. Мислам дека докажавме дека тркачкиот Туарег 3 е во моментот најиздржливото и најсилното крос контри возило, штоп е резултат на повеќегодишна работа. Им честитам на Насер и Тимо кои соработуваа одлично, како и на другите екипажи кои го направија овој 1-2-3 успех,- рече директорот за моторспорт на Фолксваген, Крис Нисен. - Мојата прва победа на Дакар! Апсолутно сум одушевен што сум првиот Арап кој победил на најтешкото рели во светот. Овие чувства се неверојатно тешки да се преточат во зборови. Ја достигнав мојата највисока цел благодарение на најдоброто возило за крос контри и благодарение на најдобриот тим. Среќен сум за целата екипа која деноноќно го опслужуваше возилото во текот на овие три седмици за да се оствари оваа победа. Во Тимо Готшалк имам исклучителен совозач кој играше голема улога во овој триумф. Денес ќе славиме како да нема утре,- рече Насер Ал Атија, кој на Дакар учествуваше по шести пат, но втора година како член на Фолксваген. Кај мотоциклистите победата ја однесе Марк Кома со КТМ, откако по 50 часа минати во седлото имаше преднот од само 15 минути во однос на поранешниот трикратен победник Сирил Деспре. Колку е тоа незначително може да се види и низ фактот дека за третото место Хелдер Родригес се избори на последната тркачка етапа откако надомести 45 минути предност во однос на Франциско Контардо, кој имаше проблем со амортизерот. Во камионската класа доминираа возачите на Камаз, при што „царот“ Владимир Чагин ја освои седмата титула на Дакар, попатно стигнувајќи до рекордните 64 етапни победи досега, што е апсолутен рекорд на натпреварот. Втор беше Кабиров, а трет Николаев. Последни кои се вброени во листата на победници се Браќата Партронели, Маркос и Александро, кои славеа кај квад-мотоциклите освојувајќи историска 1-2 победа и за нив, но и за Арегнтина. |









Насер Ал-Атија победи на 33 едиција од релито Дакар во конкуренција на автомобилистите, при што на победничкиот подиум беше придружен од уште два екипажа на неговиот тим Фолксваген.
