МК АВТО:
Јадрански ЦЕЗ куп ќе стартува во 2011
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Сабота, 19 Март 2011 13:03
Bookmark and Share

gregurek_i_tabak_600_skopje_2011Пет национални автомобилистички федерации од бивша Југославија, во Скопје на 18 март потпишаа спогодба за организирање на Куп трки во рамки на ЦЕЗ зоната на ФИА.

Претставници на Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, како и домаќинот Македонија, се обврзаа ова куп натпреварување да се одржи во два ранга, на ридски и кружни патеки, со по пет трки во секое од нив, односно по една трка во секоја од овие земји. Ова за Ф1 Алманах го потврди и претставникот на Хрватскиот Ауто Клуб (ХАК), Зринко Грегурек, кој од 2009 година е меѓу 14-те делегати на ФИА во Светскиот совет за моторспорт.

Според најавите, канцеларијата на овие натпреварувања ќе биде во Загреб, од каде што ќе се раководи со сите деловни и спортски одлуки поврзани за овие натпревари. Организаторите се уште немаат име на ова куп натпреварување, за кое се знае дека ќе ги почитува правилниците на ФИА. Се очекува деталите за организацијата на трките, вклучувајќи го и календарот, да бидат објавени наскоро преку интернет страницата на хрватската федерација.

Ф1 Алманах наскоро ќе објави и посебно интервју со Зринко Грегурек околу актуелните теми од Формула 1 и околу изградбата на нов автодром близу Загреб.

 
Campaign

Избор на уредникот