МАКЕДОНИЈА:
Двојни круни за Давидовски и Данилов
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Понеделник, 23 Ноември 2009 01:00
Bookmark and Share
Со третата трка од шампионатот на кружни патки се спушти завесата на домашаната автомобилистичка сцена.

Со третата трка од шампионатот на кружни патки се спушти завесата на домашаната автомобилистичка сцена.

На патеката во Кичево викендов се возеше последната трка, во која возачите од петте класи распоредени во три дивизии ги решаваа дилемите околу конечниот пласман и освојувањето на титулите. Најжестоко, и на патеката, и надвор од неа, по традиција било во првата класа. По крајот на трката во која победи Игор Стефановски пред Виктор Давидовски и Влатко Наковски, првите двајца си разменија протести на своите возила. Сепак, тоа не би требало да влијае врз расплетот за титулата, бидејќи Давидовски станува шампион и со прво и со второ место (доколку не е дисквалификуван), со што го оверува претходниот триумф на ридски патеки.

Во Класа 2 (1400 група Н), победникот Треневски ќе чека дополнителна одлука дали ќе стане и државен првак, бидејќи се уште не се официјални резултатите од претходната трка, во која е оспорена победата на вчера второпласираниот Игор Богатиновски, кој со овој пласман се избори за „продолжение“. Доколку Богатиновски биде ослободен од протестот, титулата ќе му припадне нему со еден бод разлика. Во двете хоби-класи за возила со зафатнина на моторот до 1600 и 2000 сантиметри кубни, победите им припаднаа на Благоја Димитровски и Александар Тодоровски, кој воедно го имаше и најбрзиот круг на трката. Димитровски со тоа ја потврди и титулата на кружни патеки, наспроти Крсте Трајковски кој стана шампион на ридски, додека Спирко Петрушевски е шампион во повисоката хоби класа, наспроти Никола Порданов на рид, кому тоа му е трети триумф и очекува „Златна кацига“. Во петтата класа, иако на оваа трка настапи сам, неоспорен шампион и на рид и на круг е Ѓорѓи Данилов зад воланот на Хонда Тајп Р.

Трката е одржана во организацијата на АКК Кастрол „Примо авј“

 

Фотографија: Автоплус

 
Campaign

Избор на уредникот