МК МОТО:
Трета трка од Европскиот шампионат во супермото
PDF Печати Е-пошта
(11 гласови, просечно 5.00 од 5)
Среда, 03 Август 2011 12:35
Bookmark and Share

Cobo_Pleven_2-2011Третата трка од Европскиот Шампионат во дисциплината супермото ќе се вози на 6 и 7 август на 1300 метри долгата картинг патеката VIK POWER во Арад, Романија, во организација на романскиот мото клуб Лас Вегас и Романската Мотоциклистичка Федерација.

Како и на секоја супермото трка од Европскиот Шампионат оваа година, Мотоциклистичката Федерација на Македонија ќе биде претставувана од возачот на Мото Клубот Сакамото, Слободан Ивчески, кој настапува во најјаката класа до 450 кубни сантиметри.

После двете извозени трки од овој шампионат, возени во Плевен, Бугарија, Ивчески е пласиран на 8то место во генералниот пласман со 47 бода, 5 помалку од седмиот Пакатаридис од Грција.

После трката во Романија, следуваат трките во Словенија, Италија, а шампионатот завршува со трката во Турција.

ИЗВОР: МК Клуб Сакамото