|
МК МОТО:
Нови значајни бодови за Ивчевски до Романија |
|
|
|
| Среда, 10 Август 2011 13:50 |
|
Ивчески настапи во најсилната класа до 450 ссм со мотоциклот Хонда и со новите 23 освоени бодови има вкупно 70 бодови во генералниот пласман со што се зацврсти на осмото место. Резултатот од трката ќе беше позначаен доколку Ивчески не го следеа проблеми во текот на натпреварувачкиот викенд. Како и на претходните два натпревари, бугарскиот натпреварувач Ангел Каранјотов извојува нови 2 победи и со максимални 150 бодови го зголеми водството во генералата. Со натпреварот во Романија заврши првиот дел од сезоната, а до крајот преостануваат натпревари во Словенија, Италија и Турција на кои нашиот претставник се надева на добар пласман и подобрување на моменталната позиција во генералниот пласман. Она што следува е трката во Словенија, на 1050 метри долгата патеката во Вранско која има само асфалтен дел, а се вози за две недели. ИЗВОР: МК КЛУБ САКАМОТО |
Последни објавени вести
Избор на уредникот
-
КЕЈСИ СТОНЕР:Втората титула ми значи повеќе
-
МОТО ГП:Агостини предлага поинакви пневматици









Единствениот наш преставник Слободан Ивчески од МК Сакамото на третиот натпревар од Европски шампионат во супермото за 2011 година што се одржа во Арад, Романија во двете возење ги освои 10 и 9 место.



