НАЈАВА:
„1. Куп на нации 2011“
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Четврток, 15 Септември 2011 20:04
Bookmark and Share

Enduro_Kup_na_nacii_1_600Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) од 16 до 18 септември во Битола е организатор на натпреварот „1. Куп на нации 2011“ во рамките на Источно-Европскиот шампионат во ендуро за 2011 година.

Со оглед на се поголемата популарност на ендурото во светски рамки, Балканската мотоциклистичка унија на својот последен конгрес донесе одлука да се спроведе Куп на нации во ендуро. Мотоциклистичката федерација на Македонија и Градот Битола ја добија честа да бидат први организатори на ова престижно натпреварување од меѓународен ранг.

- Пред се, им ја честитам победата на македонските кошаркари и пласманот во полуфиналето на Европското првенство. Видовме како успесите во спортот може да ја преокупираат целата јавност и да бидат главни информации во медиумите. Секако претходно одличен успех имаше и македонската ватерполо репрезентација која го освои бронзениот медал на Универзијадата во Кина. Очекувам и македонската репрезентација во ендуро на својот прв настап да остварен успех вреден во меѓународни рамки. Шампионската титула е императив и одиме на највисокото место на подиумот. Покрај тоа, сакам да искажам голема благодарност до Општина Битола, Националниот парк Пелистер и МК Мотостарс за поддршката при организацијата на оваа спортска манифестација од меѓународен карактер. Испраќам отворена покана до сите вљубеници во мотоциклизмот и спортот да присуствуваат на овој мотоспектакл викендов во Битола – изјави на денешната конференција за новинари г-дин Ленин Јовановски, Претседател на МФМ.

Enduro_Kup_na_nacii_4_600

На „1. Куп на нации 2011“ се пријавени учесници од Турција, Бугарија, Романија, Грција и Македонија. Националните тимови ќе бидат составени од натпреварувачи во 3 класи: Е1, Е2 и Е3. Најдобрите 6 индивидуални пласмани од секој натпреварувачки ден ќе се сметаат за екипен пласман. Секој натпреварувачки ден натпреварувачите ќе извозат 2 кругови по 75 километри, а во текот на секој круг ќе имаат и две временски контроли, две контролни точки, како и два специјални брзински испити – Братиндол (мотокрос) и Смолево (ендуро екстремен тест).

Меѓу пријавените има и една припадничка на понежниот пол, Сорина Санду од Романија. Санду има големо искуство и зад неа се натревари од светскиот куп во ендуро, како и на престижниот 6-дневен натпревар „Романиакс“.

Турскиот тим ќе биде предводен од учесникот во светскиот шампионат Фират Шахин. Во поединечна конкуренција ќе настапи и ветеранот Глен Скот од Јужна Африка.

Македонскиот тим ќе го предводат опоравениот Христиан Илиоски кој пред домашната публика ќе се обиде да оствари уште една победа, искусните Слободан Ивчески, Зоран Трајковски и Ивица Милошевиќ, како и водечките во Шампионатот на Македонија во ендуро за 2011: Ергул Сулејмани (Е1), Седат Лимани (Е2) и Јетон Заими (Е3)

Натпреварот ќе се бодува и за Шампионатот на Македонија и тоа секој ден пооделно, со тоа што за пласман ќе се земат резултатите само од првиот круг од 75 километри.

Верификацијата и техничкиот преглед е закажан за петок - 16 септември од 15 д 20 часот, стартот на првиот натпреварувач е во сабота - 17 септември од 10 часот, а во недела - 18 септември за 9:30 часот е предвидено свеченото отворање, а од 10 часот почнува првиот учесник. За публиката секако најинтересни за следење ќе бидат брзинските испити на Братиндол и Смолево.