МК МОТО:
Македонија вицешампион на „1-иот Куп на нации 2011“ во ендуро!
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Понеделник, 19 Септември 2011 19:35
Bookmark and Share

makedonija_vice_enduro2011Репрезентацијата на Македонија во ендуро го освои второто, вицешампионско место на првиот Куп на нации во ендуро што се одржа викендов во Битола.

На дводневниот натпревар во организација на Мотоциклистичката федерација на Македонија (МФМ) во рамките на Источно-Европскиот шампионат во ендуро за 2011 година нашите мотоциклисти за прв пат имаа можност да учествуваат во престижно репрезентативно натпреварување.

Шампионската титула заслужено ја освои Бугарија, додека третото место оди кај преставниците од Турција.

Во класата Е1 видовме комплетна доминација на бугарските натпреварувачи. Најдобар беше Михаил Митов, пред своите колеги Ради Попминчев и Митко Митков. Одлично возење прикажа и единствената девојка во оваа конкуренција Сорина Санду од Романија и покрај неколку пехови на брзинските испити на крајот заврши како четврта во оваа класа. На петтото место се пласираше Глен Скот од Јужна Африка пред нашиот најдобар учесник Филип Кондратенко. За жал петнаесетгодишниот Никола Гулевски кој беше второпласиран после вториот брзински испит имаше пех на третиот брзинец и мораше поради технички проблеми да се откаже. Сепак, тој уште еднаш покажа дека претставува светла иднина на македонскиот ендуро и мотокрос, а за својот настап доби пофалби и од странските натпреварувачи.

Во втората класа Е2 убедливо најдобар беше Николај Мартинов (Бугарија) пред Фират Шахин (Турција) и нашиот Борче Костов. Мартинов ги постигна и најдобрите времиња на брзински испити Братиндол и Смолево во севкупна конкуренција.

Во најсилната класа Е3 триумфираше Веселин Стојанов (Бугарија). Неговиот сонародник Диан Стојанов беше втор додека Миодраг Станковиќ на Македонија и донесе уште еден поединечен пехар.

Покрај тоа , „1-иот Куп на нации 2011“ во ендуро се бодуваше и за Шампионатот на Македонија. Дебитантот Филип Кондратенко (МК Александар) одлично се снајде во својот прв настап и ја искористи лошата среќа на Гулевски (МК Мотостарс) за победа во класата Е1. Со него место на подиумот обезбедија и Јован Стојков (МК Мотостарс) и Александар Петровски (МК Мотори).

После неизвесна борба до последните метри на брзинските испити најдобар во класата Е2 беше Борче Костов (МК Мотостарс) пред Слободан Ивчески (МК Сакамото) и Ивица Милошевиќ (МК Мотори). Уште еден член на МК Мотостарс, Миодраг Станковиќ победи во класата Е3.

Во класата Т1 победи уште еден дебитант Дашмир Зекировски (МК Мотостарс) пред постојаните учесници во оваа конкуренција Виктор Ефремов (МК Мото Велес) и Николчо Николов (МК Вардар).

После 4 натпревари во шампионатот на Македонија водат: Е1 - Александар Петровски; Е2 - Зоран Трајковски (МК Мотори); Е3 - Јетон Заими (МК Гост рајдерс) и Т1 - Виктор Ефремов.