МК МОТО:
Томовски трет во генералниот пласман!
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Понеделник, 24 Октомври 2011 23:43
Bookmark and Share

tomovski_janica_600Нашиот натпреварувач Гоце Томовски како претставник Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) успеа да го освои одличното трето место во најсилната класа МХ1 на последниот, седми натпревар од отворениот Источно-Европски шампионат во мотокрос за 2011 година кој се одржа во Јаница, Грција.

Во конкуренција од 11 натпреварувачи од Македонија, Бугарија, Романија и Грција, Томовски заврши како трет во првото возење, веднаш зад Николај Куманов (Бугарија) и домашниот натпреварувач Јанис Мосиос. Во второто возење повторно очекувано победи Куманов пред Мосиос и Лајош Баческу (Романија), а четвртото место на Томовски му овозможи вкупно на натпреварот да заврши како трет.

Во генералниот пласман со оглед на тоа дека се бришат двата најлоши пласмани, Лајош Баческу со 250 бодови ја обезбеди својата прва титула во оваа конкуренција. Куманов со двете победи стигна до 244, а Томовски освои 213 бодови.

Ова претставува уште еден одличен резултат на нашиот мотоциклист после минатогодишната вицешампионска титула во истата конкуренција.