МОТО ГП:
Стонер се избори за пресврт
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Понеделник, 25 Јули 2011 00:17
Bookmark and Share

stoner_one_wheel_victory_600_laguna_seca_2011Кејси Стонер успеа да победи во трката за Големата награда на САД возена на патеката Лагуна Сека во Калифорнија, што е негов петти триумф оваа сезона.

Хорхе Лоренцо кој успеа да се доближи до Стонер со претходната победа на Муџело, на оваа трка ја имаше пол позицијата и ја водеше трката се до шест круга пред крајот, кога Стонер го помина и до крајот успеа да направи 5,6 секунди предност. Дани Педроса повторно е на подиумот како третопласиран, иако во најголемиот дел од трката беше на второто место, но пеколниот финиш на Стонер почна токму откако по 17 круга во водечката тројка најпрвин го помина тимскиот колега од Репсол Хонда, а потоа и Лоренцо.

Бен Спијс ја спаси честа на Јамаха во дуелот со Довициозо и му го открадна четвртото место во последните три круга, при што обајцата задоцнија повеќе од 20 секунди, додека Валентино Роси го предводеше вториот возач на Дукати, Ники Хејден, во трката до шестото место.

Водството на Стонер во генералниот пласман сега е изразено со 20 бода предност (193:173) пред Лоренцо, Довициозо благодарение на конзистентноста има 143, додека Педроса го престигна Валентино Роси на четвртото место за два поена и сега има 110 бода.

Следува тринеделна пауза по што првенството ќе продолжи на 14 август со трката за Големата награда на Чешка во Брно.

 

 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57