|
МОТО ГП:
Стонер го освои и Индијанаполис |
|
|
|
| Понеделник, 29 Август 2011 23:45 |
|
Австралиецот беше доминантен во текот на целиот гран при викенд, што кулминираше со освојување на пол позицијата. На стартот сепак традиционално побрз беше Дани Педроса, кој заедно со Лоренцо се обидоа да поведат, но Стонер обајцата ги престигна и на целта имаше пет секунди предност во однос на тимскиот колега. Лоренцо пак, заврши како четврти, откако Бен Спијс потсети на своите лански перформанси кога заврши втор зад Педроса, па во финишот стигна до третото место, бидејќи почетната втора позиција ја загуби поради лошиот старт. - Имав добар старт и требаше да бидам поагресивен во првиот свиок. Кога влегував во вториот, Дани силно ги притисна сопирачките, а моите се уште не беа загреани доволно, па имав проблеми и едвај го завршив првиот круг. Трката беше тешка, времето беше жешко, а подлогата полизгава отколку на тренинзите. Во еден момент моторот ми падна на коленото, но некако успеав да се вратам и да не ја загубам самодовербата. Од тој момент почнав да правам предност пред Дани, составив неколку добри кругови и разликата се создаде. Условите беа предизвикувачки и се работеше како што треба овој викенд, па механичарите завршија фантастична работа и ми дадоа одличен мотор за што мора да им заблагодарам на сите,- изјави Стонер по трката. Австралискиот пилот сега ја зголеми предноста во генералниот пласман, па води со 243 бода, наспроти Лоренцо со 199 и Довициозо кој на Индијанаполис беше петти, а има вкупно 174 поени. Веќе следниот викенд на 4 септември се вози следната трка за Големата награда на Сан Марино во Мисано.
|
Последни објавени вести
Избор на уредникот
-
КЕЈСИ СТОНЕР:Втората титула ми значи повеќе
-
МОТО ГП:Агостини предлага поинакви пневматици
Мото ГП - Генерален пласман
| 01 | Кејси Стонер |
168 |
| 02 | Хорхе Лоренцо |
153 |
| 03 | Андреа Довициозо |
132 |
| 04 | Валентино Роси |
98 |
| 05 | Дани Педроса | 91 |
| 06 | Бен Спис |
85 |
| 07 | Ники Хејден |
85 |
| 08 | Марко Симончели |
60 |
| 09 | Колин Едвардс |
59 |
| 10 | Хироши Аојама |
57 |









Кејси Стонер ја забележа третата победа во низа, а воедно седма годинава, славејќи на второто американско гран при во Индијанаполис.



