МОТО ГП:
Стонер му се реваншираше на Лоренцо
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Понеделник, 19 Септември 2011 10:29
Bookmark and Share
stoner_pedrosa_afterstart_600_aragon_2011Откако Лоренцо со победата на претходната трка за ГН Сан Марино ги реактивираше шампионските амбиции и се приближи на 38 бода до Стонер, австралискиот возач на новата шпанска патека Арагон ја забележа втората едноподруго победа за повторно да се одвои на врвот.

Иако лани Стонер триумфираше тука со тогашниот мотор на Дукати, годинава успеа да се избори за првото место во дуел со тимскиот колега од Репсол Хонда, Дани Педроса, кој финишираше втор, пред актуелниот шампион Лоренцо. Дуел за победата речиси и да немаше, освен откако на стартот Педроса и Спијс накусо беа пред Стонер, но овој беше предоминантен во вториот дел и брз проблеми направи предност, осигурувајќи ја воедно и стотата победа за екипата Репсол Хонда во нивната 16-годишна историја. За Лоренцо единствен позитивен беше всушност денот на трката, бидејќи успеа да се пробие на третото место поминувајќи ги Спијс и Симончели, со што за прв пат се качи на подиумот во Арагон.

Стонер има 284 бода и е лидер на табелата со комфорна предност од 44 поени во однос на Лоренцо, што е отприлика 50% од максималниот износ на бодови што може да се освои на последните четири трки до крајот на сезоната.

 

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57