|
МОТО ГП:
Стонер шампион, Лоренцо се повреди |
|
|
|
| Недела, 16 Октомври 2011 14:48 |
|
Возачот на Хонда со ова го повтори успехот сторен во 2007 година со Дукати, но иако во годините помеѓу немаше титула, постојано победуваше на оваа патека. Неговиот единствен ривал, бранителот на тронот, Хорхр Лоренцо од Јамаха, падна на загревањето пред трката и заработи скршеница на прстот. На Стонер му требаа само десет бода, но тој не остави простор за дилема, атакувајќи на победата од самиот старт и создавајќи видлива предност веќе по неколку круга. Тоа му помогна во финишот, кога почна дожд на четири круга пред крајот, па можеше да го смири темпото без да стравува од конкуренцијата. Во групата зад него беа уште тројца возачи со Хонда, со единствена разлика што Симончели е од приватниот тим на Гресини, но до последниот круг беше пред Довициозо и Педроса, но во променливите услови при финишот мораше да се задоволи со третото место. - На почетокот од трката се беше добро, мислам дека ќе ни беше потешко доколку Хорхе беше во тркава, бидејќи мислам дека ќе беше поконкурентен на сувата патека и добро возеше, па ќе морав да притискам уште повеќе на почетокот. Кога успеав да направам разлика без да ризикувам, дојде дождот. Во првите моменти успевав да ја одржам разликата, но во вториот налет на дождот беше далеку потешко и речиси ќе имав непријатности, па морав да бидам попретпазлив додека патеката се исуши. Не бев сигурен колку треба да притискам и се што сторив беше да се погрижам да стигнам до целта со победата,- рече новиот првак, потенцирајќи дека најдрага победа оваа година му е онаа остварена во САД, на патеката Лагуна Сека. За екипата Хонда ова е прва титула во премиерната класа по 2006 година кога славеше Ники Хејден, а воедно јубилејна, вкупно шеесетта освоена во светските првенства од страна на различни возачи. Воедно, ова е единствена титула за овој тим во конкуренција на мотоцикли со зафатнина на моторот од 800 сантиметри кубни, што доаѓа во последната година, пред промената кон посилни мотори со зафатнина од еден литар. Од кампот на Јамаха потврдија дека Лоренцо ќе ја пропушти и следната трка за Големата награда на Малезија, но дека нивниот возач веднаш бил опериран во Мелбурн, а резултатот е позитивен бидејќи немало повреда на нервите и тетивите, па функционалноста на целата рака и особено на скршениот прст нема да биде намалена. Неговиот кам бек се очекува на последната трка сезонава што ќе се вози во Валенсија. |
Последни објавени вести
Избор на уредникот
-
КЕЈСИ СТОНЕР:Втората титула ми значи повеќе
-
МОТО ГП:Агостини предлага поинакви пневматици
Мото ГП - Генерален пласман
| 01 | Кејси Стонер |
168 |
| 02 | Хорхе Лоренцо |
153 |
| 03 | Андреа Довициозо |
132 |
| 04 | Валентино Роси |
98 |
| 05 | Дани Педроса | 91 |
| 06 | Бен Спис |
85 |
| 07 | Ники Хејден |
85 |
| 08 | Марко Симончели |
60 |
| 09 | Колин Едвардс |
59 |
| 10 | Хироши Аојама |
57 |









Кејси Стонер е промовиран во нов светски првак во најсилната Мото ГП класа, откако победи на домашното гран при за Големата награда на Австралија возена на патеката Филип Ајленд.



