|
МОТО ГП:
Симончели загина, трката прекината |
|
|
|
| Недела, 23 Октомври 2011 14:57 |
Марко Симончели падна во вториот круг на трката за Големата награда на Малезија, по што во несреќен расплет на околности се најде под моторот на Колин Едвардс, што резултираше со добивање смртоносни повреди.
Организаторите ја прекинаа трката за најпрвин да му биде укажана помош на 24-годишниот Италијанец, кој во 2008 година стана светски првак во средната класа од мото-мондијалот, за машини со зафатнина од 250 сантиметри кубни. Симончели оваа година ја имаше најдобрата сезона по дебитирањето во највисоката Мото ГП класа, освојувајќи ја првата пол позиција во јуни на трката за Големата награда на Каталонија во Барселона, првиот подиум со третото место во Чешка, додека на трката пред оваа на Сепанг, беше второпласиран зад Кејси Стонер кој ја освои титулата во Австралија. Патеката во Малезија беше теренот каде што тој ја потврди своевремено својата единствена светска титула во класата „250“. Во оваа трка, тој стартуваше од петтото место зад Колин Едвардс, но во трката успеа да излезе пред него. Несреќата се случи во вториот круг кога моторот на Симончели пролизга и тој се најде на асфалтот, по што беше прегазен од Едвардс, кој беше во дуел со Валентино Роси, возејќи рамо до рамо, без простор да го избегне несреќниот Италијанец, чија кацига одлета во моментите кога беше погоден. - Тој се здоби со тешка траума на главата, вратот и градите. Кога нашиот медицински тим дојде до него, тој не беше во свесна состојба. Во амбулантата му беше укажана кардио-пулмолошка реанимација, а подоцна во медицинскиот центар со помош на докторите беше интубиран и се обидовме да го намалиме крварењето во градниот кош. Тоа траеше 45 минути бидејќи се обидувавме да му помогнеме колку што е возможно, но за жал не можевме повеќе од тоа, па во 16 часот и 56 минути по локално време тој беше прогласен за мртов,- изјави Д-р Микеле Макијагодена, кој е дел од „Клиника Мобиле“ во светското мотоциклистичко првенство. Докторот посочи дека Колин Едвардс при судирот исто така паднал и се здобил со повреди, при што му било дислоцирано рамото, но дека неговата ситуација е стабилизирана. Лани во сличен инцидент загина Шоја Томизава за време на трката за Големата награда на Сан Марино, но во средната (тогаш новоформирана) класа Мото 2. Јапонецот подлегна на повредите кои ги доби при пад и прегазување од другите возачи. Последна кобна несреќа во највисоката класа е онаа на Даиџиро Като, кој загина на ГН Јапонија во 2003 година, удирајќи во заштитниот ѕид. Видео снимката од трагичниот инцидент на Симончели е повлечена од видео мрежата YouTube, но во моментот на објавување на оваа вест свое видео објави англискиот весник Телеграф во своето интернет издание: |
Последни објавени вести
Избор на уредникот
-
КЕЈСИ СТОНЕР:Втората титула ми значи повеќе
-
МОТО ГП:Агостини предлага поинакви пневматици
Мото ГП - Генерален пласман
| 01 | Кејси Стонер |
168 |
| 02 | Хорхе Лоренцо |
153 |
| 03 | Андреа Довициозо |
132 |
| 04 | Валентино Роси |
98 |
| 05 | Дани Педроса | 91 |
| 06 | Бен Спис |
85 |
| 07 | Ники Хејден |
85 |
| 08 | Марко Симончели |
60 |
| 09 | Колин Едвардс |
59 |
| 10 | Хироши Аојама |
57 |









Марко Симончели падна во вториот круг на трката за Големата награда на Малезија, по што во несреќен расплет на околности се најде под моторот на Колин Едвардс, што резултираше со добивање смртоносни повреди.




