|
МОТО ГП:
Роси очекува чудо од мотор |
|
|
|
| Вторник, 10 Јануари 2012 19:25 |
|
На ски митингот кој што традиционално се случува во Мадона ди Кампиљо на почетокот од секоја година, возачот на Дукати се осврна на тешкотиите кои го следеа во првата сезона како возач на италијанската екипа, најмногу поради повредите што ги заработи уште во 2010 година. За разлика од минатите години кога Дукати го користеше овој настан за да го промовира и својот нов мотор, овој пат Десмоседичи ГП12 не е присутен во Долимитите. - Титулата во 2011 беше невозможна бидејќи разликите беа големи. Наша цел е да ги средиме проблемите чекор по чекор, да се доближиме до Хонда и Јамаха. Од тој момент, почетокот на средувањето на деталите, да бидеме конкурентни за победа. Не сакам да кажам уште на стартот дека нема да се бориме за титулата и оваа сезона, но мора да бидеме реални. На крајот од годината имавме да надополниме 1,5 секунди па наша цел е да се доближиме до другите за да можеме да се тркаме со нив и да ги предизвикаме,- рече деветкратниот светски првак. – Знаеме дека ни треба време, но добро соработуваме и сонувам за првата победа. Во реалноста, премногу сме назад, но можеби новиот мотор ќе биде чудо! Мислам дека првиот тест ќе биде важен, бидејќи со сигурност моторот ќе биде поразличен од ланскиот. Невозможно е да се биде конкурентен од првиот тест, но мислам дека ќе имаме добри информации за да работиме со нив и ќе бидеме подготвени за првата трка,- вети Роси, кој верува дека може по 2012 да остане во Дукати уште дополнителни две години. Италијанецот призна дека го видел новиот мотор само на компјутер, при што дизајнот е потпишан од Филипо Прециози. На утрешната прес конференција се очекуваат повеќе детали од самиот инженер, додека Роси е убеден дека дури на тестирањата ќе знаат дали се доволно брзи. Првата тренинг сесија за оваа година е закажана во Малезија, каде што мотоциклистите традиционално ги испробуваат своите машини во текот на зимата. На неа би требало да се појави и Ники Хејден, кој што се повреди на последната трка во Валенсија, а откако закрепна од таа повреда и почна да тренира возејќи на својот ранч во Кентаки, имаше уште еден пад и фрактура на левото рамо. - Ова ќе биде значајна година за мене. Имаме нови правила и нови мотори, а јас верувамот во овој тим. Мислам дека можеме да имаме добра сезона и со нетрпение ја очекувам,- рече Американецот, откривајќи дека нема да има уште една операција за санирање на рамото.
|
Последни објавени вести
Избор на уредникот
-
КЕЈСИ СТОНЕР:Втората титула ми значи повеќе
-
МОТО ГП:Агостини предлага поинакви пневматици
Мото ГП - Генерален пласман
| 01 | Кејси Стонер |
168 |
| 02 | Хорхе Лоренцо |
153 |
| 03 | Андреа Довициозо |
132 |
| 04 | Валентино Роси |
98 |
| 05 | Дани Педроса | 91 |
| 06 | Бен Спис |
85 |
| 07 | Ники Хејден |
85 |
| 08 | Марко Симончели |
60 |
| 09 | Колин Едвардс |
59 |
| 10 | Хироши Аојама |
57 |









Валентино Роси е првата голема ѕвезда која што одржа прес конференција на 22 издание од зимскиот промотивен настан Wroom, порачувајќи дека треба да надополнат 1,5 секунди по круг за да добијат шанса да се борат за титулата.



