МОТО ГП:
Првите тестови покажаа ист распоред на силите
PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од 5)
Понеделник, 06 Февруари 2012 13:37
Bookmark and Share

stoner_vo_grb_na_test_600_sepang_2012Првото тестирање на моторите за 2012 година во Малезија покажа дека се уште Хонда го има главниот збор, но Јамаха и Дукати веруваат дека се доближиле до ланските шампиони.

Рекордот на патеката поставен од Роси во 2009 година беше соборен од најбрзите четири возачи, со Стонер на првото место кој извозе време од 1:59,607 во најбрзиот круг. Лоренцо не успеа да се симне по границата од две минути, задоцнувајќи нецели шест десетинки зад ривалот, а речиси изедначен со него е Дани Педроса. Бен Спијс ја комплетираше четворката на двете фабрички екипи, иако е на девет десетинки од Стонер, по што следува Валентино Роси како предводник на група од пет возачи со задоцнување од 1,2 до 1,7 секунди во најбрзите кругови. Низ призмата на резултатите, секој имаше различни реакции околу новите искуства, па Ф1 Алманах ги сублимира оние на водечките.

- Нема промени во возачкиот стил, уште со „осумстотките“ имавме изобилство од сила, па моравме да научиме како да ја менаџерираме. Мислам дека „илјадарките“ имаат подобро забрзување, што е позабавно, но тоа не бара од мене да го сменам стилот,- забележува бранителот на титулата, Кејси Стонер, според кој ќе биде потребно да се најдат вистинските перформанси без да се има голема потрошувачка на гориво.

- Навистина, навистина сум задоволен, го подобрив моето најдобро извозено време на оваа патека. Испробавме многу нешта, меѓу кои едно главно подобрување и знаеме дека треба уште повеќе да се надградиме. Електрониката не е перфектна, мора да ја усовршиме, но моторот има голем потенцијал и ние сме оптимисти,- рече Лоренцо за новата Јамаха.

- Mоторот е помоќен и бара поголем физички напор, па да се биде уморен на крајот од тридневно тестирање е нормално нешто,- гласи првиот впечаток на Дани Педроса. – Дефинитивно постојат разлики меѓу „осумстотките“ и „илјадарките“, поголемите се потешки за возење. Морав да ги засилам моите рамења по повредите за да можам да издржам повеќе товар. Јасни ми се барањата на моторот, па знам што треба да поправам за да се подобрам,- вели деминутивниот Шпанец, реагирајќи на четирите килограми повеќе на машината. - Зголемената тежина се чувствува најмногу при сопирање и при менување на правецот,- тврди возачот на Репсол Хонда. – Главна разлика меѓу ланските и овие мотори е што тие дозволуваат да сопираш подоцна и да го смениш правецот побрзо,- дообјаснува Педроса.

- Ние во тимот на Дукати сме среќни како помина овој тест, особено последниот ден. Со време од две минути и осум десетинки почнуваме да постигнуваме пристојни резултати. Двете Хонди и двете Јамахи се уште се пред нас, но ние го сметаме овој тест за почетна точка. Најзначајното што го постигнавме е дека предниот дел на моторот ми дозволува да возам како што јас сакам, а машината реагира добро на измените. Имаме јасна претстава што ни недостига, особено ако го подобриме однесувањето на моторот при забрзување, ќе успееме да направиме поголем напредок,- оцени деветкратниот светски првак Валентино Роси.

На крајот од февруари, екипите ќе имаат уште една шанса да тестираат во Малезија. Трките во шампионатот на Мото ГП започнуваат на 6 април со Големата награда на Катар.
 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57