МОТО ГП:
Португалија потврдена во календарот
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Понеделник, 20 Февруари 2012 15:44
Bookmark and Share

estoril_motogp_600Светската мотоциклисичка федерација на неполни два месеци пред стартот на новата сезона потврди дека Португалија сепак ќе го добие предвиденото место во претходно објавениот провизорен календар.

Со тоа патеката Есторил се враќа во мотоциклистичкиот мондијал, и тоа како дел од распоредот на стартот од сезоната што беше случај и пред да биде исклучена.

Во име на оваа одлука, јапонското гран при кое две сезони беше предвидувано за едно од почетните, а во два наврати беше поместувано поради вулканската ерупција во Исланд и цунамито кое ја погоди земјата, сега е стационирано во серијата на три прекуокеански трки организирани во втората половина од октомври. Новитет е и спојката на двете американски трки како последна пред летната пауза и прва во продолжението. Од вкупно 18 трки, се продолжува со традицијата четири од нив да бидат во Шпанија.

08.04 ГН Катар, Лосаил

29.04 ГН Шпанија, Херез

06.05 ГН Португалија, Есторил

20.05 ГН Франција, Ле Ман

03.06 ГН Каталуња, Барселона

17.06 ГН Велика Британија, Силверстоун

30.06 ГН Холандија, Асен

08.07 ГН Германија, Заксенринг

15.07 ГН Италија, Муџело

29.07 ГН САД, Лагуна Сека

19.09 ГН Индијанаполис, Индијанаполис

26.08 ГН Чешка, Брно

16.09 ГН Сан Марино, Мисано

30.09 ГН Арагон, Моторланд

14.10 ГН Јапонија, Мотеги

21.10 ГН Малезија, Сепанг

28.10 ГН Австралија, Филип Ајленд

11.11 ГН Валенсија, Рикардо Тормо

 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57