КЕЈСИ СТОНЕР:
Втората титула ми значи повеќе
PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од 5)
Понеделник, 17 Октомври 2011 22:38
Bookmark and Share

kejsi_stoner_prezentacija_2011_600Шампионот од 2007-ма година по 4 годишен пост, ја однесе втората титула насловена како Светски Шампион во Мото ГП за 2011-та година. За целата работа да биде уште послатка, титулата му дојде истиот ден кога тој е роден. Ф1 Алманах ви го пренесува интервјуто со Кејси Стонер дадено за официјалниот сајт на шампионатот по победата во Австралија.

Кејси, ти честитам, какво е чувството да си шампион на Мото-ГП 2011? 

- Тоа е навистина прекрасно чувство. Ова го очекував последните неколку трки, знаевме дека имаме шанса тоа да го направиме овде, но веројатноста тоа да се случи беше многу мала. Хорхе беше многу константен и солиден во оваа сезона, но утринава конечно попушти. Тоа не беше добар начин да добијам предност, зашто тој се здоби со сериозна повреда, но тоа ни ја отвори вратата да го освоиме шампионатот денес и успеавме да го направиме тоа, успеавме да излеземе на патеката и да победиме, на мојата домашна гран-при трка, на мојот роденден. Тоа е навистина посебно чувство.

А колку е посебно чувството што тоа го направи на домашен терен? 

- Дефинитивно тоа е нешто што многумина не успеале да го направат, на својата домашна гран-при трка, и посебно на својот роденден, да победиш петти пат по ред, тоа е навистина нешто посебно, и сигурен сум дека уште долго време ќе се сеќаваме на овој ден.

Ова е твоја втора титула -светски шампион, иако доаѓа по четири години од првата. Можеш ли да ја споредиш со титулата од 2007? 

-Оваа титула ми значи многу повеќе. Во 2007 луѓето се обидуваа по малку да ме омаловажат, да ми ја одземат заслугата и мене и на мојот тим, за она што го постигнавме. Оттогаш, посебно оваа година, мислам дека луќето навистина сфатија кои сме и за што сме способни ние. Оваа година имавме 11 пол позиции и 9 победи досега, така што можам да кажам дека ова е сезона на соништата и многу му благодарам на мојот тим, на сите нив и голема благодарност до Репсол Хонда што ми ја даде оваа шанса.

Има ли некој момент во сезоната кој сметаш дека бил решавачки, дека претставувал пресвртница во Шампионатот?

- Мислам дека премногу луѓе бараат решавачки моменти и пресвртници. Според мене, сезоната едноставно се одвива како што се одвива, и единствената пресвртница е крајот на шампионатот. Мислам дека немаше вистгинска пресвртница за време на оваа сезона и не наоѓам пресрвртници ни во другите сезони, така што ние едноставно со наведната глава собираме победи и подиуми, па тоа ни го донесе и сегашното водство во поени. На почетокот имавме многу малку поени, и затоа сме толку задоволни сега, зашто го вративме и одржавме водството.

Која е најслатката победа за тебе сезонава?

- Би рекол дека тоа е Лагуна Сека. Првата трка во Катар беше фантастична, првата трка на моторот, но луѓето ме сметаа за специјалист за Катар, па мислам дека оваа година сепак би ја одбрал Лагуна, зашто тогаш прилично заостанувавме во трката и никој не очекуваше дека ќе бидеме конкурентни, а ние бевме таму, трпеливо ја следевме трката, се обидовме да научиме некој трки и да го возиме моторот малку поинаку. Кога си ја најдовме брзината, решивме да се уцврстиме и успеавме да победиме, па мислам дека таа беше најдобрата победа за мене.

Раскажи ни за трката овде, во Австралија. Постигна добро водство, но потоа почнаа да се менуваат временските услови. Што ти минуваше низ умот кога почна да врне?

- На почетокот од трката се беше во ред. Можеби ќе се помачевме малку ако Хорхе се натпреваруваше во оваа трка, но мислам дека тој е многу поконкурентен на суво, а јас извозев навистина добро викендов, значи ние ќе требаше да се потрудиме малку повеќе на почетокот од трката. Ние успеавме да го надминеме тој јаз, и постигнавме прилично добро водство без голем ризик и се чувствувавме удобно, но тогаш почна да врне. Кога заврна првиот дожд, успеав да ја одржам разликата, но при вториот дожд, кој беше посилен, моравме да бидеме многу внимателни во тие неколку круга, но потоа патеката пак се исуши. Повторно не бев сигурен до каде можам да одам, но едноставно го направив тоа што беше неопходно за да ја донесам победата.

Знаеме од она што го кажуваш на секоја гран при трка низ сезонава дека се концентрираш на секоја трка посебно, но дали имаше момент во сезонава низ мислите ти прелета и шампионската титула?

- Да, мислам дека до одреден степен тоа се случува на секоја трка. Кога работата беше апсолутно катастрофална за нас, завршувавме трети, па моравме да го проголтаме тоа, а не беше баш лесно.

Кои ви беа очекувањата на почетокот од сезоната?

- Мислам дека немав никакви очекувања, не гледам на сезоната како целина, туку на трка по трка. Ако погледнете на крајот од сезоната, вие сте само на почеток, па тоа не е многу добар почеток, затоа ние гледавме на трка по трка, се обидовме да собереме колку што можеме поени, а на почетокот од сезоната изгубивме многу поени, па моравме да ги вратиме, па тоа ни беше главната цел некое време, да излеземе и да победиме на колку што може повеќе трки, да освоиме колку што може повеќе поени, и потоа, во време кога работите не одеа како што треба, моравме да прифатиме места со кои не бевме пресреќни. Но се на се, завршивме одлична работа сезонава и успеавме да го задржиме водството во шампионатот.

kejsi_stoner_600_mugello_2011

Ти изгледаше многу релаксирано, мирно и концентрирано во текот на целата сезона, но имаше ли моменти кога чувствуваше притисок?

- Искрено, немаше многу такви моменти. Мислам дека притисокот се почувствува по трката во Херез, кога бевме далеку назад со поените, и кога отидовме во Португалија и се боревме, а во таа трка не се чувствував најдобро, се справував со повредата на грбот, а сепак извлековме трето место, но не бевме многу среќни со тој ритам, па мислам дека од тој момент почнавме да напредуваме, и се беше во ред. Знаејќи колку се силни и константни Дани и Хорхе, ние знаевме дека ќе биде тешко да се вратат поените.

Додека си растел, идол ти бил Мик Дуан, какво е чувството да возиш во истите тимски бои со него?

- Тоа ми беше мој сон, да возам Репсол Хонда, и да одам по стапките на Мик, да се тркам за овој тим. Во неговата прва година во овој тим, тој го освои шампионатот, а истото важи и за мене. Годинава успеавме да го освоиме 100-тиот шампионат за Репсол Хонда и ова е навистина фантастична година за нас – многу постигнувања, рекорди, и се надевам дека ќе продолжиме вака. Но и понатаму треба да работиме напорно.

Многу фактори придонесоа за освојување на светската шампионска титула, но дали можеш да издвоиш еден или два аспекти од сезонава што ти послужија за да ја освоиш титулата?

- Мислам дека тие две работи се: да не мислиш многу нанапред или настрана. Мораш да гледаш што си постигнал во тој дел или тој викенд, ,можеш да си поставиш голема цел, но не да одиш предалеку напред. Ние годинава одевме чекор по чекор и стигнавме до целта.

Твојот роденден и освојувањето на шампионатот се на ист ден. Како ќе го прославиш тоа вечерва?

- Мојот роденден го славиме во овој дел од годината уште од 2001, па навикнав да биде во оваа фаза на сезоната. Но да го освојам и шампионатот, и тоа петти пат по ред во Австралија, на мојот роденден, на домашното гран при, нема многу работи подобри од тоа, па сигурен сум дека вечерва вистински ќе уживаме!

 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57