МОТО ГП:
Агостини предлага поинакви пневматици
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Вторник, 01 Ноември 2011 03:38
Bookmark and Share
simonceli_motor_vo_crnina_2011Легендата на мотоциклистичките трки, најтрофејниот шампион Џакомо Агостини, изјави дека безбедноста во денешните мото-шампионати е на високо ниво, но некои работи можат да се подобрат како што е однесувањето на пневматиците.

Петнаесеткратниот шампион застана во одбрана на организаторите и регулаторите на Мото ГП, особено во поглед на намалувањето на електрониката која што ја има во изобилство преку различни системи за помош на возачите. Во интервју за италијанското државно радио, тој посочи дека гумите се претврди затоа што мораат да издржат цела трка.

- Мислам дека електрониката нема врска со инцидентот што се случи,- оцени Агостини веднаш по инцидентот во Малезија. – Лично, како и многу други возачи, не ја сакам електрониката. Преферирам моторот да биде менаџериран само од возачот, а не електрониката да ти го движи зглобот. Пневматиците беа обвинети за инцидентот и мислам дека тие заслужуваат дел од вината во смисла дека тие се едни од најважните нешта на моторот. Во ова време, сите возачи сакаат гумите да им траат од првиот до последниот круг, без загуба во перформансите. Конструкторите ги креираат пневматиците за да им удоволат на тие барања, па гумите се потврди и потешки за справување. Тоа значи дека кога има мало ниво на контакт со подлогата, едноставно се случува пролизгување без да има предупредување. Можеби би имало логика да се имаат гуми што по првата половина од трката ќе почнат да деградираат, па возачот ќе мора да внимава повеќе. Тоа ќе биде повеќе како во моето време, кога во втората половина од трката гумите беа толку истрошени што мораше да возиме со дрифтање и да бидеме внимателни,- предлага Италијанецот.

Истовремено, неговиот став за фаталниот инцидент се поклопува со оној на таткото на Марко Симончели, кој рече дека бил пресуден фајтерскиот дух на неговиот син и одлуката да не го испушти моторот од раце, да се обиде да се подигне и да продолжи.

- За инцидентот не можеме да обвиниме никого директно, тоа е еден од оние што ги има многу во текот на една сезона, но овој беше несреќно фатален, а тоа се случи бидејчи не падна моторот, туку возачот, па заедно продолжија по траекторија која што наместо надвор од патеката, ги однесе таму каде што доаѓаа други. Бескорисно е да се зборува за безбедност и заштита сега, бидејќи во овој случај ги имаше доволно. Во мое време се тркавме со мала кацига, лесни комбинезони, а покрај патеките имаше ѕидови, дрва и жици. Тоа може да ви покаже колку безнадежно беше, имаше многу излетувања и многу колеги настрадаа. Денес има голем напредок во безбедноста, автодромите се мошне безбедни, имаат зони за излетување, а комбинезоните и кацигите нудат комплетна заштита на целото тело. Дури има и воздушно перниче во комбинезонот кое што го штити грбот, рамењата и главата. Многу труд е вложен, но кога ќе се најдеш под мотор кој вози со 150 километри на час, за жал од тоа нема заштита,- оцени Агостини во интервјуто за РАИ.

Погребот на Симончели беше одржан во гратчето Кориано, а на опелото во црквата Санта Марија Асунта го проследија повеќе од 60 илјади луѓе, меѓу кои најблиските колеги и пријатели.

 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57