БЕН СПАЈС:
На половина секунда од Роси
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 3.00 од 5)
Четврток, 18 Март 2010 16:52
Bookmark and Share

spajs_600_test_sepang_2010Момчето кое освои три титули во низа настапувајќи во американското првенство АМА, а потоа дебитираше и со титула во Супербајк во 2009, сега се префрлува во Мото ГП.

Класичен развоен пат за еден американски мотоциклист, кој сепак продуцирал многу шампиони и во светското првенство, од кои последен е Ники Хејден. Тој влегува со сателитскиот тим на Јамаха, Монстер Јамаха Теч 3, каде што партнер ќе му биде искусниот сонародник Колин Едвардс. За волја на вистината, дебито дојде малку порано, откако на последната трка во Валенсија возеше со вајлд-кард, при што стартуваше деветти, а заврши седми, изјавувајќи дека тоа му носи сатисфакција како да победил на трка во Супербајк. Во пресрет на последниот тест во Катар, тој имаше интервју за магазинот Гран при вик, кое ви го пренесуваме во целост.

- Сите очи се вперени во тебе, како се чувствуваш?

- Имавме пристоен старт на тестирањата, но сетоа тоа се – тестирања. Работев на она во што треба да бидам подобар, но воопшто не се грижев за нешто спектакуларно. Подобрувањата мора да дојдат во мали дози. На некој начин сум среќен, си заминавме од Сепанг со добар тест. Имав цел да извозам еден круг под 2:01, а на мојот мерач постогнав 2:00.8, но ако се собираат времињата по делници излегува дека време од 2:00.6 беше можно (што е три десетинки од она што беше најбрзо време на лидерот Валентино Роси). Имав и симулација на трка со 19 круга од 2:01, што споредено со претходниот тест беше многу побрзо.

- Тоа се мошне конкурентни времиња...

- Се уште не сме доволно блиску до водечите. Ако зборуваме за базичната брзина, ни недостига околу половина секунда. Но, многу е поблиску отколку што беше.

- Твојот поддржувач Вејн Рејни (поранешен шампион – н.з.) рече дека мора да атакуваш на победи и подиуми во првата сезона, како што направиле и тој и Кевин Шванц. Што велиш ти за тоа?

- Хаха, тоа би било премногу добро да го направам. Мислам дека Вејн и Кевин го подигнаа нивото од тоа каде беше, поставија нова граница за брзините. Јас сега влегувам, а тука се Стонер, Педроса, Роси и Лоренцо. Ако ги тргнете овие четворица и се тркате со останатите, тогаш тоа е можно. Но, ако не освојам победа првата сезона, мислам дека тоа нема да биде потфрлување. Тешко е да се споредува со тоа време тогаш.

- Во кои сегменти треба да се подобриш?

- Се обидувам да ја подигнам брзината во свиоците, работи како тоа. Да разберам што ке направи моторот, кои се лимитите. Тешко е да се опише, се качуваш на моторот и мислиш дека ги знаеш механичките лимити, но тие не се задолжително оние на кои мислиш. Мора да се навикнеш на сите тие мали пресметки, и да оставиш да се случи. Се доближуваме до тој лимит, а потоа ќе треба да се вози цело време на тој лимит.

- Колку е различен моторот за оваа година од ланскиот?

- Дефинитивно има разлики во моторот. Кога стигнавме во Сепанг можев да почувствувам поголемо забрзување. Бевме поконкурентни од другите на правците.

- Има многу приказни за тебе и за тимскиот колега Колин Едвардс. Тим Тексас! Како очекуваш да се развива?

- Без сомнение, Колин има едно од најбогатите искуства во падокот. Тој е одличен, го следев со години, ми се допаѓа како пријател и како ривал. Засега гледам дека враќаме отприлика сличен фидбек, имаме слично темпо, мислам дека се обидуваме да си помогнеме, но кога ќе се најдеме на патеката, мислам дека нема да има простор за игри.

 

spajs_edwards_600_garaza_mehanicari_2010

- Од помош е кога колегата те притиска...

- Подобро е за тимот, за возачите, за инженерите. А кога има здрав однос, тој и јас можеме да се појавиме во недела, да одиме да растуриме, и да се натпреваруваме еден со друг. Но на тестирањата и на тренинзите, кога имаме прашања како да го сетираме моторот, мораме да пробаме да најдеме е што ни е на располагање. Ако можеме да финишираме четврти и седми, наместо седми и десетти, бидејќи не сме си размениле некои информации, тогаш тоа е добро.

- Како е снаоѓаш во француски тим?

- Добро е. Станува подобро и подобро, Баш е чувствувам како да сум во тим, а не како да доаѓам да возам во некој тим. Мојот инженер Том Хаусворт е среќен и јас сум среќен. Дефинитивно чувството е позитивно.

- Имаш ли претстава кога Јамаха може да те повка во фабричкиот тим?

- Немам идеја. Сега засега, зделката е базирана на резултати. Не знам што ќе се случи со Лоренцо и Роси, кои се најбрзите во првенството, но освен ако нема некое чудо, ќе биде тешко да се заземе едно од тие места. Сега сум среќен со тоа каде сум, нормално би сакал да одам во фабрички тим, но мора да докажам дека сум за таму, а мора да се отвори и место.

- Како ќе го поминеш својот последен слободен викенд пред почеток на првенството?

- Веројатно јадејќи храна која нема да можам да ја јадам со месеци, како и да се обидам да останам фокусиран. Тренингот и режимот на исхрана ми беа напорни, ќе се обидам да се релаксирам, да го вратам балансот.

- Што е на врвот од менито за „последната вечера“?

- Суши и мексиканска храна. Го сакам животот во Италија и ја обожавам храната. Но, има само италијанска. Во Америка барем можеш да мешаш се и сешто. Можеме да добиеме се и сешто. Имаме неколку добри места за мексиканска храна. Ќе јадам помалку последните неколку недели.

- Ќе ти недостига ли Супербајк?

- Да, мислам дека ќе ми недостига. Постои големо пријателство таму. Но, создавам нови пријатели и тука. Веќе го спомнав Колин, а кога бевме во Европа, Стонер беше навистина пријатен, се дружев со него доста време.
 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57