ИНСПИРАЦИЈА:
Занарди атакува на медал во пара-олимпијадата
PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од 5)
Вторник, 23 Март 2010 13:07
Bookmark and Share

zanardi_595_newyork_2007Поранешниот Ф1 возач, Италијанецот Алекс Занарди, по крајот на автомобилската кариера продолжува со спортските достигнувања кои мораат да станат пример и инспирација за сите кои имале тешки повреди, но успеале да се вратат во живот.

Возачот на Вилијамс и неколкукратен првак на американската КАРТ серија, преживеа тешка несреќа во 2001, кога ги загуби двете нозе за време на трката возена на Лаузиц-ринг крај Берлин. Потоа, успеа да се рехабилитира и со помош на штеки и ножни протези да ја поврати сопствената мобилност, за на крај да направи подвиг со седнување зад воланот во светското првенство за туринг возила (Ве-Те-Це-Це).

По ланскиот официјален крај на кариерата, тој не престана со активностите и се префрли во велосипедизам со рачно придвижување на педалите. Викендот во кој светот ја дочека пролетта на Северната хемисфера, на Занарди му беше ден за учество на маратонска трка во Рим. Во истата тој победи со време од еден час, 15 минути и 53 секунди, оставајќи го најблискиот ривал две минути зад себе.

- Трката овде беше многу поинтересна, отколку кога чекав во автомобилот да се запалат светлата на семафорот. Можеби бидејќи тоа ми стана навика. Да се најдам овде, меѓу толку луѓе кои навиваа за мене и ми даваа поддршка, е нешто сосема поинакво. Ја чувствивате топлината и задоволството под својата кожа, го доживувате тоа момент по момент,- вели Италијанецот Занарди.

Тој открива дека продолжил со напорните тренинзи, иако престана да се занимава со активно возење. Возењето велосипед станало негова нова љубов уште претходно

- Тренирав секој ден возејќи по 60 километри. Извозев и 120 километри само за да ја верификувам сопствената издржливост. Крајниот резултат, остварен во Рим е одличен. Можеше да биде и подобар, но рутата не беше лесна и се соочив со силен ветар кон крајот. Имам цел и нема да ја негирам. Се надевам да одам во Лондон за параолимписките игри во 2012 година и да се борам за подиумот,- вели живата легенда, одбирајќи и натаму нови предизвици.

Лани Занарди учествувал на светското првенство одржано во Италија, а во трката на хронометар, со должина на патеката од 39,912 километри постигнал време од 33 минути и 55 секунди, што му го донело 15 место од 28 натпреварувачи, со задоцнување од четири и пол минути зад победникот. Во интервју за Би-Би-Си тој открива дека трките траат и по 50 до 60 километри.

- Во овие трки се постигнуваат брзини од 40 километри на час, а патеката е од 50 до 60 километри. Сосема е спротивно од она што се случува во недела попладне кога се вози Формула 1, бидејќи резултатите таму се зависни од тоа колку си имал среќа или колку е конкурентен болидот. Кај рачните велосипеди, тоа е како да ставаш една цигла врз друга, па ѕидот сигурно ќе се појави. Ако се тренира напорно и ако се работи напорно, резултатите ќе се остварат, а тоа е вистинкиот дух на животот.

Лондон ќе биде домаќин на ЛОИ во 2012 од 27 јули до 12 август, додека пара-олимпијадата ќе следува две недели по крајот на главниот настан, од 29 август до  9 септември.

 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57