ВАЛЕНТИНО РОСИ:
Падот беше моја грешка
PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 3.00 од 5)
Петок, 11 Јуни 2010 14:56
Bookmark and Share

rossi600kaАктуелниот светски првак во Мото ГП, Валентино Роси, го даде првото интервју од болничкиот кревет во Фиренца, откако хирурзите на ортопедската клиника направија два оперативни зафати по преломот на неговата десна нога.

Лидерот на Јамаха отворено зборува за ситуацијата во која се најде, како и дека јасно се сеќава на секој детал од несреќниот пад. Тој ја презема одговорноста за падот врз себе, но убеден е дека ќе се врати, иако се сомнева дека може веднаш да победува. Очигледно е дека е помирен со тоа дека 2010 нема да биде година во која ќе освои титула, но не верува дека тоа ќе влијае врз неговиот ангажман за следната сезона, бидејќи знае дека има мотор што го чека.


- Вале, прво прашање: како си и дали чувствуваш болка?

- Позитивна работа е што најлошото помина и двете операции минаа добро, па се е во ред. Сега очекувам тежок период, во кој мора да бидам свесен за ризикот од инфекции и во кој морам да ја држам ногата константно во рамна позиција. Потоа доаѓа вториот клучен период, во кој ќе можам да ја започнам мојата рехабилитација, а со ногата во гипс ќе можам да одам на штеки.

 

- Доктор Буци зборуваше за рехабилитација која ќе трае пет или шест месеци, но што мислиш ти?

- Се очекуваше дека докторите ќе бидат мошне претпазливи во своите прогнози. Сакам да ја залечам повредата, тоа е единственото нешто за кое сум заинтересиран. Можеби ќе пропуштам четири или шест трки, но тоа не прави разлика. Вистинско време за враќање би можело да биде Брно, но не мора да биде баш така.

 

pedrosa_rossi_pad_600_italija_2010


- Дали се сеќаваш на незгодата?

- Се сеќавам на се, перфектно. Не ја удрив главата, не се удрив никаде. Воздушното перниче во мојот комбинезон работеше многу добро и мојата кацига беше едвај изгребана. Немам ни најмала модринка. Проблемот беше што паднав на ногата, а таа беше под моето тело. Доколку паднев на грб ќе беше поинаку. Имав нови гуми и потоа забавив бидејќи Барбера беше зад мене. Кога се вратив на тркачката линија, видов дека Педроса доаѓа и повторно се поттргнав. Но, тогаш дадов гас и се ми се случи брзо и неочекувано. Тие седум секунди беа доволни за температурата на пневматиците драстично да опадне. Грешката беше моја.

 

- На кого би сакал да се заблагодариш?

- Најпрво на професорот Буци од ортопедската клиника Кареги во Фиренца и неговите помошници, бидејќи беа брилијантни. За среќа, патеката Муџело не е далеку од Кареги и бев мошне среќен. Исто така сакам да им се заблагодарам на сите во болницата, на сите негователки кои ме третираа добро, на луѓето од Клиника Мобиле и на редарите на патеката Муџело. На крај, голем поздрав и на гледачите кои никогаш, ниту за секунда, не ме заборавија, па ми овозможија да заборавам на нивната грижа и поддршка. Пораките кои ги видов во неделата на телевизија беа прекрасни.

 

- Дали имаше некој момент по несреќата во кој си рече „престани да се тркаш со мотори“?

- Искрено, не се уплашив. Бев престрашен кога ја видов ногата, тоа да. Но, единствено нешто што не ми се допаѓа е дека ќе испуштам толку многу трки. Ќе го искористам времето што ми е потребно, но ќе мора да се погрижам да не направам нешто глупаво бидејќи сакам да се вратам што е можно побрзо, но само доколку мојата состојба тоа го дозволи. Знам дека имам седиште за следната година и не морам да брзам за да докажам нешто. Можеби ќе пропуштам само четири трки, но сепак тоа нема да биде враќање за да го освојам првенството. Подобро е да се биде внимателен, да се заврши рехабилитацијата на најдобар начин и да се вратам за да можам да возам уште многу години. Слушнав за многу спортисти, многу да бидам прецизен, кои ги имале истите проблеми како мене. Еден пример што сите го знаат: Марк Вебер ми се јави и тој имал отворена фрактура на десната нога. Ми рече да бидам стрплив и дека можеби ќе имам моменти кога нема да ми биде комфорно, но дека на крајот заздравувањето е гарантирано.

 

rossi_krsenje_noga_600_italija_2010


- Сега имаш време да поседиш дома и да размислуваш...

- Имам многу време за да се одморам, за да заздравам и да размислам. Прво, мора да го искористам времето за да подобрам некои работи. Сакам да го подобрам мојот англиски, да научам нешто ново, многу да читам. Во основа, сакам да се подобрам и да научам нешто. Тоа ќе го направам со сигурност. Ако прашањето се однесува на идната сезона, овој инцидент нема да ги загрози моите шанси за ангажман во 2011 на ниту еден начин. Минатата сабота не смени ништо, само има една скршена нога повеќе. Резултатот од 2010 нема да биде релевантен за мојата иднина.

 

- За време на принудниот одмор, дали ќе поработиш и на повреденото рамо?

- Дефинитивно, да. Тоа е една од позитивните работи во оваа незгода, конечно можам да направам рехабилитација на рамото, без брзање, без операции и без трки. Од утре ќе започнам со вежбите и тоа лежејќи на мојот кревет, па сигурен сум дека ќе бидам комплетно заздравен кога ќе се вратам. На мојот камбек ќе бидам во перфектна форма, но тоа не значи дека можам веднаш да победам. Кога се враќа некој по принудна пауза, не се размислува само за телото, туку и за психата. Нема да бидам способен да се вратам и да победам веднаш.

 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57