СП РЕЛИ:
Фолксваген се поблиску до рели опциите
PDF Печати Е-пошта
(1 глас, просечно 5.00 од 5)
Петок, 18 Март 2011 00:29
Bookmark and Share

nasser_al_attiyah_so_dakar_trofej_600_dakar_2011Во пресрет на третата рунда од рели мондијалот закажана во Португалија, засилени се шпекулациите дека таму ќе се случи објавата на плановите за формирање фабрички тим на Фолксваген.

Наспроти можностите за влез во Формула 1 како снабдувачи со мотори од 2013 година, кога ќе се вратат турбо-машините, англискиот Аутоспорт очекува германскиот концерн да објави дека ја започнува рели програмата, откако успеа да направи солиден имиџ со победите на егзибициските пустински натпревари како Дакар. Шпекулациите велат дека е ангажиран Франсоа Демасон, поранешен инженер на Пежо и Ситроен, кој работи на подготовка на рели возило базирано на Поло. Се шпекулира дека оваа активност на компанијата нема да ја наруши позицијата на Туарег во пустинските трки, бидејќи инвестицијата во него веќе е направена и таму нема посериозна конкуренција откако Мицубиши се повлече.

Реагирајќи на веста за наводниот влез на компанијата од Волфсбург со проектиран буџет од 92,5 милиони евра, тимскиот шеф на актуелните рели шампиони од Ситроен, Оливие Квеснел, вели дека не е загрижен.

- Со голем буџет влегоа и во Дакар, но загубија од Мицубиши кој во тоа време речиси немаше буџет. И не заборавете дека Мицубиши имаше црвени возила, како нашите,- вели на шега Французинот. – Не се грижам за парите, тоа е начинот на кој што тие работат, но моето лично мислење е дека доаѓањето на Фолксваген ќе биде добро за рели спортот во целост, баш како што е случај и со доаѓањето на Мини,- рекол Квеснел за Аутоспорт.

Новиот распоред на силите ќе ја наруши досегашната позиција на Форд и Ситроен како единствени ривали по повлекувањето на Субару и на некои други конструктори. Медиумите шпекулираа дека Себастијан Леб би можел да направи сензационален трансфер од Ситроен во Фолксваген, но најуспешниот рели-шампион на сите времиња ги отфрли тие гласини, по што во игра се имињата на актуелниот победник од Дакар, Насер Ал-Атија, Петер Солберг и Кими Раиконен.

- Мислам дека луѓето од Фолксваген ќе откријат во Португалија дали ќе продолжиме со крос контри или тие ќе имаат поинаква програма. Јас би сакал да бидам во ВРЦ, да бидам дел од фабричкиот тим на Фолксваген доколку тие влезат во првенството со нивна екипа за две – три години. Тие се задоволни од мене и мислам дека сакаат да ме задржат за тестирање и за другите програми бидејќи имам големо искуство во релито,- рекол Насер Ал Атија по трката во Мексико, каде што победи во категоријата С2000, но потоа беше дисквалификуван.

Речиси е извесно дека Ред Бул ќе се префрли во Фолксваген наместо да го спонзорира јуниор тимот на Ситроен бидејќи двете компании соработуваат заедно на многу полиња во моторспортот, а тоа отвора шанса за возачите кои тие ги спонзорираа минатата година (Раиконен и Ожие), но и за оние кои возеа за Ред Бул Шкода во С-ВРЦ класата . Сепак, не се исклучени ни возачите на Форд, Хирвонен и Латвала, кои по првите две трки оваа година го притиснаа Леб во сендвич заземајќи ги првото и третото место. Трката во Португалија е закажана за 24 до 27 март.

 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57