СП РЕЛИ:
Раиконен си заминува, оди во НАСКАР
PDF Печати Е-пошта
(2 гласови, просечно 5.00 од 5)
Среда, 30 Март 2011 01:27
Bookmark and Share

kimi_kapce_red_bull_600_wrc_2011Поранешниот светски првак на Формула 1, Кими Раиконен, би требало да ја продолжи својата кариера во американската брзинска серија НАСКАР според пишувањето на финските медиуми.

Весникот Турун Саномат пренесува и негова изјава дека тој веќе ја очекува оваа опција и се надева дека ќе се прилагоди на новата околина. Според приказната на весникот, во фаза на основање е нов тим кој ќе биде инспириран од прекарот на Кими („Ајсмен“) и ќе носи назив Ајс 1, како што е називот и на екипата на Ситроен каде што сега настапува овој пилот. Наводно, главен збор во таа екипа би имал Фостер Жилет, поранешен ко-сопственик на премиер лигашите Ливерпул и хокеарите Монтреал Канадиенс. Фостер веќе бил дел од НАСКАР серијата со тимот РПМ (Ричард Пети Моторспорт), но според пишувањата на некои медиуми во текот на 2010 година ги напуштил оставајќи ги пред банкрот.

- Навистина со нетрпение очекувам да одам таму и да се фамилијаризирам со светот на НАСКАР. Го следам веќе подолго време, знам дека е многу тешко , изедначено, тоа е врвна тркачка серија. Го сакам американскиот дух на трките и се чувствувам добро што ќе бидам инволвиран во тоа. Очигледно ќе биде тоа голем предизвик за мене, но и голема забава,- рекол Кими за финскиот весник.

Британскиот Аутоспорт се надоврзува на оваа приказна тврдејќи дека Раиконен има договор за само осум трки оваа година во ВРЦ, па би можел да се најде во НАСКАР уште ова лето. Прва серија во која би можел да настапи во НАСКАР е  Сепак, според финските медиуми, се уште се преговара за тоа кое возило ќе биде употребувано, но и кои ќе бидат спонзори, бидејќи во минатиот клуб Фостерс Џилет бил спонзориран од еден од најголемите поддржувачи на американскиот моторспорт, пивото Бадвајзер. Раиконен во Светското рели првенство беше дел од јуниор тимот на Ситроен, но спонзориран од Ред Бул.

Според најавите, првите настапи на Ф1 шампионот од 2007 година би биле во серијата каде што шоферите имаат на располагање подготвени пик-ап возила, но подоцна би се префрлил во „националната класа“ и Спринт купот. Моментално во пик-ап серијата настапува и Нелсињо Пике, а претходно таму се префрлија и Хуан Пабло Монтоја, но и Жак Вилнев. Кими во дебитантската сезона беше десетти во генералниот пласман, но остави впечаток дека е голем „потрошувач“ на возила со кои имаше најразлични инциденти. На последната трка за ГН Португалија, тој освои бодови како седмопласиран.

NASCAR_kasey_kahne_600_darlington_2011

 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57