|
СП РЕЛИ:
Хирвонен премина во Ситроен |
|
|
|
| Четврток, 17 Ноември 2011 13:42 |
|
Ситроен доминира во светското рели првенство веќе цела деценија, а Хирвонен во два наврати беше вице-шампион (2009 и 2011 година). Нивниот трансфер се случува на сметка на Себастијан Ожие, кој од младинскиот рели тим на француската фабрика доби шанса да вози во најсилната конкуренција, прво со Кими Раиконен, а потоа и со Себастијан Леб. Иако сезонава оствари пет победи и имаше договор до крајот на 2013 година, сепак Ожие е ослободен од договорот и најверојатно ќе бара ангажман во Форд. Договорот на Хирвонен е тајна во поглед на финансиите, но се однесува на следните две сезони во рели шампионатот, започнувајќи веќе во јануари со трката во Монте Карло. |
Последни објавени вести
Избор на уредникот
-
КЕЈСИ СТОНЕР:Втората титула ми значи повеќе
-
МОТО ГП:Агостини предлага поинакви пневматици
Мото ГП - Генерален пласман
| 01 | Кејси Стонер |
168 |
| 02 | Хорхе Лоренцо |
153 |
| 03 | Андреа Довициозо |
132 |
| 04 | Валентино Роси |
98 |
| 05 | Дани Педроса | 91 |
| 06 | Бен Спис |
85 |
| 07 | Ники Хејден |
85 |
| 08 | Марко Симончели |
60 |
| 09 | Колин Едвардс |
59 |
| 10 | Хироши Аојама |
57 |









Мико Хирвонен и совозачот Јармо Лехтинен го напуштаат фабричкиот тим на Форд за да му се приклучат на Ситроен, каде што ќе бидат тимски колеги со седумкратниот првак Себастијан Леб.



