|
РЕЛИ:
Правилата ќе донесат фер трки |
|
|
|
| Понеделник, 16 Јануари 2012 19:09 |
|
Во соопштението до медиумите лиферувано од страна на француската фабрика, Хирвонен открива дека немал комуникациски проблеми иако франкофонската доминација е забележителна. Одговарајќи на прашањето дали репутацијата на екипата со Леб како возач број еден му пречи, Хирвонен „машки“ одговара дека директниот дуел со неприкосновениот шампион може да биде само добар за неговата кариера. - Не ми пречи, гледам на ова како можност да работам со Себастијан и тоа да има голем бенефит за мојата кариера. Не е прашање за да се биде прв или втор возач. Ние ќе ја започнеме сезоната без поени, а правилата за 2012 година ќе ги направат трките пофер, како за тимските колеги, така и за ривалите. Во извесен дел, природно е тимот да очекува повеќе од Себастијан, тој е со нив веќе десет години и беше светски првак во последните осум години. Тоа создава извесен притисок врз мене, но јас ќе бидам во можност да добијам време за целосно да се привикнам на возилото, на тимот и како тој работи. Во секој случај, секогаш се обидувам да наметнам позитивен пристап во ситуациите, бидејќи тоа е најдобриот начин да се направи напредок,- гласи изјавата на Хирвонен. Надежите на Хирвонен се засноваат врз измените на правилата за користење на помалку пневматици (7 сета по 5 гуми, наместо 8 сета по 6), како и нивно типизирање по два вида за асфалт и два за земја, плус еден тип на зимски гуми. На трките што се возат по земјен терен, претходно ќе се возат квалификации, а најдобрите во нив ќе можат да си ја изберат стартната позиција што најмногу им одговара за стратегијата. Возачите ќе имаат на располагање по 3 мотори за сезоната, а под стриктно определени услови ќе можат да добијат дополнителни два без казна, но во тој случај оштетените мотори не смеат да се користат до крајот на годината. Оваа сезона ќе биде запаметена и по стартувањето на Фолксваген во ова првенство, но засега само преку брендот Шкода, и тоа во класата С-ВРЦ, додека траат подготовките на возилото Поло за 2013 година. На првата трка во Монако, како предводник на екипата ќе се најде досегашниот пилот на Ситроен, Себастијан Огие. Инаку, рели трката во Монте Карло се враќа во календарот по три годишна пауза, иако ова е тежок период за ова првенство, откако пропадна промотерската компанија што ги продаваше ТВ правата. Организаторот на првата трка објави дека пан-европскиот спортски канал Еуроспорт ќе го емитува нивниот настан, но се чека официјална потврда од ФИА дали овој канал ќе го има ексклузивитетот и правата за натамошна продажба. Проблеми има и на страната на мерењето на времето, бидејќи досегашната опрема е во сопственост на пропаднатиот промотер, па техничарите кои досега го покриваа тој дел од спортот, останаа без ангажман. Се шпекулира дека организаторите од Монте Карло имаат на располагање систем што го користеле минатите три сезони за трките од Интерконтиненталниот рели челенџ, но останува нејасно како сето тоа ќе функционира во текот на сезоната, бидејќи вториот настан е закажан за 9 февруари во Шведска. |
Последни објавени вести
Избор на уредникот
-
КЕЈСИ СТОНЕР:Втората титула ми значи повеќе
-
МОТО ГП:Агостини предлага поинакви пневматици
Мото ГП - Генерален пласман
| 01 | Кејси Стонер |
168 |
| 02 | Хорхе Лоренцо |
153 |
| 03 | Андреа Довициозо |
132 |
| 04 | Валентино Роси |
98 |
| 05 | Дани Педроса | 91 |
| 06 | Бен Спис |
85 |
| 07 | Ники Хејден |
85 |
| 08 | Марко Симончели |
60 |
| 09 | Колин Едвардс |
59 |
| 10 | Хироши Аојама |
57 |









Финецот Мико Хирвонен ќе дебитира во екипата на Ситроен покрај осумкратниот првак Себастијан Леб на претстојното рели во Монте Карло, а очекува ефектот на новите правила да биде во пофер трки.



