|
СП РЕЛИ:
Асфалтот го фаворизира Леб |
|
|
|
| Петок, 20 Август 2010 11:38 |
|
Французинот зад воланот на Ситроен ќе се обиде да направи подвиг со осма победа едно по друго на асфалтниот терен, кој поради својата природа ги става во втор план возачите на Форд, Финците Хирвонен и Латвала. Наспроти тоа, асфалтните патеки се омилена почва и за Дани Сордо, кој на оваа трка ќе го има второто седиште во фабричката екипа, но и за Кими Раиконен, поранешниот Ф1 првак. Трасата минува покрај границата на Германија со Луксембург и Франција, низ областа Саар, покрај виногради и армиски тест центри, каде што Леб досега има покажано одлично разбирање на променливите услови за возење и изборот на гуми. Базата е во градот Трир, кој носи епитет како најстар град во оваа држава, а познат е и како родното место на Карл Маркс. Првиот ден ги носи најбавните делници и најмалку абразивниот асфалт, но наспроти тоа на вториот ден поместена е етапата Панцерплате, која со своите 48 километри е најдолгата етапа што се вози во оваа сезона. За да биде акцентот уште поголем, оваа етапа се вози два пати! Дел од патиштата се направени од бетон, каде што германскиот Бундесвер ги тестирал своите тенкови, поради што возачите ќе имаат на располагање и повеќе гуми за користење отколку во Бугарија. - Не ја познавам патеката во Германија, но знам дека ќе биде различна од онаа во Бугарија. Во трките, подлогата од една до друга патека нема големи разлики, но тие постојат. Кај рели трките, разликите од настан до настан се огромни. Има толку многу варијации, секој километар и секој свиок е поразличен. Затоа, искуството е толку важно во овој спорт,- објаснува Кими Раиконен, кој на трката во Бугарија имаше ретко добри перформанси. – Сите ми велат дека етапите се комплицирани, па треба да се биде внимателен, особено ако врне. Ќе го дадам својот максимум, но мора да финиширам во трката за да можам да научам повеќе,- вели Финецот кој на половина од настапите оваа година излетуваше надвор од патеката. За Форд оваа трка е на некој начин домашна, бидејќи седиштето во Европа е во градот Келн, на 160 километри од Трир, додека фабриката во Саар, во која се произведува Фокус е на само 65 километри од стартот. Наспроти Хирвонен кој е оптимист дека нивниот автомобил е доволно брз, Латвала има непријатни спомени и потренцира дека ова рели отсекогаш му било тешко поради промената на нивото од страна на контактот со подлогата. |
Последни објавени вести
Избор на уредникот
Мото ГП - Генерален пласман
| 01 | Кејси Стонер |
168 |
| 02 | Хорхе Лоренцо |
153 |
| 03 | Андреа Довициозо |
132 |
| 04 | Валентино Роси |
98 |
| 05 | Дани Педроса | 91 |
| 06 | Бен Спис |
85 |
| 07 | Ники Хејден |
85 |
| 08 | Марко Симончели |
60 |
| 09 | Колин Едвардс |
59 |
| 10 | Хироши Аојама |
57 |









Новата рунда од светското рели првенство ќе се вози на германска територија, патека позната по седумгодишната доминација на Себастијан Леб.