СП РЕЛИ:
Леб на чекор до седмата титула
PDF Печати Е-пошта
(0 гласови, просечно 0 од 5)
Понеделник, 23 Август 2010 15:01
Bookmark and Share

loeb_germanija_600Себастијан Леб ја забележа 59-та победа во својата кариера, воедно осма последователна на релито Германија како дел од светскиот рели шампионат.

Французинот имаше недостижни 51,3 секунди пред колегата Дани Сордо на крајот на релито, со што направи уште еден чекор понапред до седмата последователна титула. Фаворизираноста на Леб на асфалтната подлога уште еднаш се покажа како издржана, земајќи го в предвид фактот што тој победи на двете рели трки сезонава возени на овој тип на терен. Покрај двајцата возачи на Ситроен, Себастијан Ожје од јуниор тимот на францускиот гигант го пополни третото скалило на пиадесталот.

- Одлична победа за мене, неверојатно е и многу сум задоволен со победата. Имав добро чувство во Германија и не сакав да бидам победен на ова рели, иако пред стартот не бев сигурен дека ќе победам, бидејќи Дани (н.з. - Сордо) беше силен и бидејќи ова рели не е лесно. Имаме поголемо водство во генералниот пласман, а тоа е исто така добро, - изјави Леб.

Дани Сордо пак, кој настапуваше со нов совозач, е задоволен од пласманот на подиумот, трет годинава. Со успешниот настап во Германија, Сордо го презеде петтото место во генералниот поредок од Мико Хирвонен, кој сезоната ја започна со шампионски амбиции.

- Задоволен сум со тоа што го направив со Диего Ваљехо во нашето прво заедничко возење. Не беа дозволени никакви грешки и само требаше да ја задржам позицијата, што беше значајно за Ситроен во конструкторскиот шампионат, - вели вториот возач на францускиот производител.

Задоволство имаше и кај Јари-Мати Латвала, кој иако го губи чекорот со Леб, сепак смета дека остварил добар резултат.

- Ова е мој најдобар резултат во Германија, па задоволен сум иако немав брзина да го достигнам Ожје. Наспроти единствената грешка која ја имав, се беше добро, - вели четвртопласираниот во Германија.

Во генералниот пласман убедлив е Себастијан Леб со 191 поен, пред Себастијан Ожје од Јуниор тимот на Ситроен, кој има 133 бода. Третопласиран, но се чини со минимални шанси за титулата е Јари-Мати Латвала на Ситроен со 117 поени. Кај конструкторите, водечки е Ситроен со 308 бодови, пред Форд со 222 поени. Од светското првенество во рели остануваат уште четири трки, а следното рели се вози во Јапонија, од 10-12 септември.

 
Campaign

Избор на уредникот

Мото ГП - Генерален пласман

01 Кејси Стонер
168
02 Хорхе Лоренцо
153
03 Андреа Довициозо
132
04 Валентино Роси
98
05 Дани Педроса 91
06 Бен Спис
85
07 Ники Хејден
85
08 Марко Симончели
60
09 Колин Едвардс
59
10 Хироши Аојама
57