|
РЕЛИ:
Седма титула на Леб |
|
|
|
| Недела, 03 Октомври 2010 22:11 |
|
За приказната да биде уште поинтересна, трката на која што ја освои новата светска круна се возеше во неговата татковина Франција, и тоа за прв пат, како замена за досегашното рели во Корзика. Ова се смета за „асфалтна трка“, а на таква подлога Леб не загубил од 2006 година на релито Каталонија. Водството на Леб беше од самиот почеток на гран при викендот, при што веќе по етапите во петокот имаше 20 секунди предност, а во саботата ја удвои таа предност, со апсолутна доминација. Финалето на трката беше во неговиот роден град Хагенау во областа Алзас, каде што ја мина целта забележувајќи ја јубилејната, исто така и рекордна 60-та победа во 136 стартови. Дополнително, има уште 32 искачувања на пиедесталот, или расчленето – 725 победи по етапи на сите трки на кои што возел. Денешната победа му донесе и влез во клубот на легендите со преку 1000 освоени бодови во кариерата, поточно 1005. Со второто место на Дани Сордо екипно титулата ја резервираше и Ситроен, додека за комплетна доминација на француската компанија се погрижо Петер Солберг со приватно подготвениот Ц4. Возачите на Форд, Латвала и Хирвонен ги зазедоа четвртото и петтото место. Кими Раиконен беше седми по првиот ден, но имаше (уште едно) излетување на вториот ден со што ги уништи шансите да освои бодови. На табелата Леб е прв со 226 бода, или 60 повеќе од Ожие (кој има 166). Латвала е трет со 144. До крајот на сезоната има уште две трки, во Шпанија и Велс. |
Последни објавени вести
Избор на уредникот
Мото ГП - Генерален пласман
| 01 | Кејси Стонер |
168 |
| 02 | Хорхе Лоренцо |
153 |
| 03 | Андреа Довициозо |
132 |
| 04 | Валентино Роси |
98 |
| 05 | Дани Педроса | 91 |
| 06 | Бен Спис |
85 |
| 07 | Ники Хејден |
85 |
| 08 | Марко Симончели |
60 |
| 09 | Колин Едвардс |
59 |
| 10 | Хироши Аојама |
57 |









Себастијан Леб уште еднаш ја смени историјата на рели трките, зголемувајќи го рекордот во негова сопственост од седум освоени титули (и тоа сите една по друга).