Стонер најави крај на кариерата
Актуелниот шампион Кејси Стонер најави дека на крајот од оваа година ќе се повлече од трките во Светското првенство во мотоциклизам. ...
Европски и Отворен Источно-Европски шампионат „Плевен 2012“
Слободан Ивчески ќе ја претставува Мотоциклистичка федерација на Македонија (МФМ) на првиот натпревар од Европски шампионат во супермо...
Храброста му донесе победа на Потер
Тод Потер е победник на втората трка од Ред Бул Икс-Фајтерс серијата која што ги обединува најдобрите возачи во мотокрос слободен стил. ...
Малдонадо влезе во историјата
За Ф1 Алманах од Барселона: Александар Табаковски Фотографија: Димитар Вандовски Возачот на Вилијамс Рено, Пастор Малдонадо, усп...
Хамилтон казнет од девојка помлада од него
Силвија Бељот (Silvia Bellot) е 26-годишната претставничка на шпанската национална автомобилистичка федерација, која е дел од четиричленото те...
Хамилтон ќе стартува последен
За Ф1 Алманах од Барселона:Александар ТабаковскиФотографии:Димитар Вандовски - Були Луис Хамилтон остана без пол позицијата во трката ...
Луис за престиж, Пастор за изненадување
Луис Хамилтон ја забележа третата пол-позиција оваа сезона, со половина секунда предност во однос на ривалите, но изненадување на денот ...
Формула 1
| ДИЛЕМА: Кој му го чува грбот на Маса? | Повеќе наслови од Формула 1
| |
Мотоспорт
| МОТО ГП: Стонер најави крај на кариерата | Повеќе наслови од Мотоспорт
| |
Македонија
| НАЈАВА: Мотокрос „Смолево 2012“ | Повеќе наслови од Мотоспорт
| |
Прилози
| ФАНОВИ: Алонсо одговараше на 7.000 прашања | Повеќе наслови од Прилози
| |
Магазин
| ПРОФИЛ: Хамилтон казнет од девојка помлада од него | Повеќе наслови од Прилози
| |
| Патеката ќе се асфалтира по Олимпијадата |
|
|
|
| Вторник, 24 Јануари 2012 22:34 |
|
Берни Еклстоун го потпиша договорот со рускиот премиер Владимир Путин уште пред една година, а додека за другите организатори кои саката да добијат трка се пишува многу, за Русија не се спомнува ниту збор. Претпоставка е дека работите се одвиваат по зацртаната динамика, како и дека финансиските гаранции се на место, за разлика од организаторите од Тексас, Валенсија, Белгија и Франција, кои постојани се во медиумите околу прашања поврзани со парите што треба да му се исплатат на Ф1 промотерот. Наводно, Русија веќе инвестирала околу 190 милиони долари, иако е тешко да се разграничи во што конкретно, бидејќи патеката кружи околу спортските арени што треба да се готови за Олимпијадата. Во фокусот на јавноста засега се летните игри во Лондон оваа година, додека Сочи треба да биде подготвен за 2014 година. Вообичаено, во оваа фаза постои доцнење во роковите, но се тврди дека главните нешта се на добар пат. Откако сите градежни работи ќе бидат завршени, асфалтирањето на Ф1 патеката ќе почека се додека игрите завршат. Тоа би значело дека со роковите од три месеци за инспекција и лиценцирање на патеката од страна на ФИА, трката нема да се најде во календарот пред јуни, бидејќи игрите ќе бидат на програмата во февруари. Бидејќи календарот за оваа година веќе брои 20 трки, се претпоставува дека со новиот Конкорд договор што треба да се потпише нема да има проширување во тој поглед. Оттука, влезот на Њу Џерси во 2013 и на Сочи во 2014 значи дека ќе треба да се ослободат две места од досегашните трки. Тоа што Белгија нема да има трка секоја година ќе биде на радост на оние што чекаат камбек на француското гран при, но најверојатно една од двете шпански трки ќе ослободи место за Русија. Второто американско гран при би требало да биде на сметка на некоја од „прекуокеанските трки“, а во моментов најзагрозено е местото на Бахреин, кој има договор до 2013 година и нестабилна политичка ситуација. Истовремено, се пласираат и гласини дека јапонските организатори по повлекувањето на Хонда, нема да можат да продолжат во 2013 година бидејќи на Сузука и се потребни сериозни инвестиции во инфраструктурата, додека Фиџи ги затвори своите порти со повлекувањето на Тојота. Ниту другите Ф1 патеки не можат да бидат спокојни за својата иднина, бидејќи се најавува интерес од Јужна Африка и од Мексико, меѓутоа тешко е да се поверува дека тие би можеле пред 2014 година да обезбедат место во календарот. |
Автомобили
| ИЗБОР: Ситроен ДС4 најсипматичен за хомосексуалците |
| СТИЛ: Дизајнерски оскар за Фолксваген „Буба“ |
| ЕКОЛОГИЈА: Пежо 3008 Хибрид4 и натаму жнее награди |
Следна трка
|
ГН Монако (23-27 мај) Четврток |
|
| 10:00 - 11:30 | |
| 14:00 - 15:30 | |
| Сабота | |
| 11:00 - 12:00 | |
| 14:00 | |
| Недела | |
| 14:00 |
Анкета
Магазин
-
Пежо 3008 Хибрид4 и натаму жнее награди
-
ОБЈАСНУВАЊЕ:Постојат идеи за автодром во Србија -
ИДНИНА НА АВТОМОБИЛСКИОТ ПОГОН:Техно рокенрол со фолклорни мотиви -
Екологија:Кампања на ФИА - „Make cars green“ -
ДОКАЗ:Воздухот е гориво на иднината -
СТУДИЈА:Издувните гасови предизвикуваат грмотевици!














Плановите на руските организатори за првата трка што треба да се вози за Големата награда на Русија се во завршна фаза, но пред Формула 1 да дојде на дневен ред, треба да поминат зимските олимписки игри во 2014 година.



